ОД СВЕТСКО НА БАЛКАНСКО

ЏУДО

Џудистот на Сеишин, Борче Тошески, вчера имаше тежок меч со Русинот Иван Воробев, во категоријата до 81 килограм, на Светското првенство за сениори во Рио де Жанеиро, но и по исцрпувачкиот настап не застанува. По Светското, се подготовува за Балканијадата во Романија, на 6. и 7. септември. Со искуството од Бразил, може да се атакува на медал во Романија.

По борбата на Светско со Мароканката Ризлен Зојак, истата агенда и за Катерина Николоска, прилепчанка од скопски Миоки.

Loading