ЧУДНИ БРОЈКИ

ИСТОРИЈА

Некогаш фудбалерите од првата постава носеа бројки на дресовите само од 1 до 11. Беше стандард за сите мечеви. Затоа играчите на Јувентуд од Сао Паоло, гости на Победа летото 1972 година, чудно изгледаа. Не само поради црномурестите лица, туку и по бројките на грбовите и шорцевите. Голманот носеше 22, бекот 29, крилото 33, напаѓачот 35… Бројната публика го следеше секој детал, триковите и ѓаволштините на Бразилците, тогаш актуелни светски прваци со генерацијата на Пеле. Победа засилена со звездашот Шекуларац, вардарците  Ребров и Балевски даде силен отпор, но загуби со 1-3 на исполнетиот стадион.

Мечот беше проштален за бекот Цане Конески.

Loading