ВО НОВА САЛА

РК ПРИЛЕП

Машкиот ракометен прволигаш, РК Прилеп, најавува преселба во новата сала од средното училиште “Ристо Ристески – Ричко”, која ќе ја користи за тренинзи и натпревари. Околу 400 седишта се доволни за обични мечеви. За дерби може да се соберат до 600-700. Клубот е меѓу ретките во земјава со објект на располагање секое време.

Стартуваа подготовките на Могила со тренерот Орде Илиоски. Засилување се бековите повратници, левиот Филип Ангеловски од Грција и средниот Дарко Стојаноски од Германија. Ќе придонесуваат и Трајковски, Јанески, Бозароски, Тодороски, Петрески, Чадамоски, Локвенец и неколку помлади. Останува ангажман на искусен голман, по повлекувањето на Митрески.

Целта е првото место во борба со Струга, досегашен суперлигаш.

Loading