ВАРОШ ВО ТОПОЛЧАНИ

ТРЕТА

В недела (17, 30 ч.) стартува Третата лига – Југ, со две прилепски пресметки. Во Обршани Партизан го пречекува Г. Коњари, а Варош гостува во Тополчани. Фаворити нема, дури и нововлезениот Варош, предводен од ветеранот, 39-годишниот Трајчески е добро подготвен, засилен со младинци од Школата Тони. Целта е опстанок, бидејќи лигата се скратува на 12 тима. Останати: Тиквеш – Кадино, Вардар – Младост К., Млекар – Кожуф, Илинден – Сирково, Росоман – Превалец, Младост У. – Бабуна.

Состанокот со клубовите од Општинските лиги е на 31 август.

Loading