“МУЗИЧКИ ТРЕПЕРЕЊА” НА АЛЕКСАНДРИЈА

Наставниците од музичкото училиште ќе свират и пеат на концертот именуван “Музички треперења” на 28 август од 20.30 часот на плоштадот Александрија во рамките на Прилепското културно лето

Ќе настапат Леонарда Богданоска Гиноска – глас, Мендо Ташкоски – кавал и хармоника, Оливера Гемту – виолина, Илија Чакароски – гитара, Христина Никоска – пијано, Борис Миленкоски – саксофон, Кети Милеска – хармоника, Мартин Колевски – хармоника и Киро Гаралоски – бас гитара и контрабас, кои ќе исполнат дела Piazzolla, Sarah Brithman & Andrea Bocelli, Каролина Гочева, македонски евергрини, македонски народни ора и обработка на македонски народни песни…

Гости на вечерта се Филип Јездиќ – тапани, Сашко Ристески – хармоника и Дарко Аврамоски – тапани.          

Loading