НЕМА КАТАНЕЦ

ЖФК ПОБЕДА

Имало спас за фудбалерките на Победа. Клубот ќе постои, наспроти шпекулациите за згаснување. Покрај бројните финансиски и инфраструктурни маки, ќе се издржи во наредната тешка сезона.  Младиот состав и натаму се подмладува со талентирани, а дефицитарно место е голманското, по заминувањето на репрезентативката Чакмакоска во Кочани.

Првенството со 12 тима стартува на 4. септември, а Победа е домаќин на фаворитот Тиверија Истатов од Струмица.

Loading