НАСЕЛЕНИ ЕЛЕНИ КАЈ ДРЕН

Старо – новиот концесионер на 13-те ловишта, ловечкото друштво “Мукос” населува крупен и ситен дивеч во соодветна динамика според развојната програма на Министерството за земјоделство.

– На 11 ловишта се населени 1100 фазани и околу 560 диви пајки. Населени 22 грла диви свињи и 12 грла елени лопатари во Витолиште и Беловодица – објаснува Јане Стевананџија, секретар на “Мукос”.

Се почитуваат сите одгледно-заштитни мерки на дивечот во текот на целата ловостопанска сезона. Динамиката на населување ќе се интензивира со вкупно 30 елени лопатари да се исполни регулативата две години однапред.

– Дивечот е од одгледувачницата Јасен и се откупува од неколкуте приватници – додава Стевананџија.

“Мукос” располага со два џипа, два мотори и 10 ловочувари за контрола на ловиштата. Казните за криволов достигнуваат до 10 000 евра. 

Loading