ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ВЛАДИМИР ТЕМКОВ

Изложба на дела од  кавадаречкиот уметник Владимир Темков, за одбележување на 30 годишното ликовно творештво ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” во рамките на Прилепското културно лето.

Темков ќе се претстави со дела од тематски репертоар, кој се сведува на мал број инспирации, како што се птицата, рибата, житните пејзажи, копата сено и уште неколку други. Делата не говорат за имагинациската скржавост, туку за внатрешна сосредоточеност и обработка на тој репертоар.

– Правам сублимат на 30 годишното творештво со собрани слики, што сум успеал да ги регистрирам од опусот од над 2.000 дела – вели уметникот.

Владимир Темков завршил Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, отсек графика, а од 2001 година е член на ДЛУМ. За творештвото е добитник на повеќе награди и признанија.

Loading