ВОЗВИШЕН ЗБОР КАЈ СЛОНОТ НА ТРОНОТ

Оживеана беше мислата на перото на седмото издание на манифестацијата Поетско маркукуле кај Слонот на тронот. Традиционалната манифестација ја организираат Библиотеката и друштвото “Пела” од Словенија. На духовниот поетски изблик учествуваа 60 поети од Македонија, Словенија и од Хрватска. Особено дебитантите се воодушевија од убавиот амбиент и од оригиналноста.

– Одличен спој на убавото и поетското. Ќе пренесеме во Хрватска – велат хрватските поети.

Групата “Пела” од Словенија и Дејан Димоски ја збогатија поетската вечер под Марковите кули.

Беше претставен и зборникот од ланското издание, а  промоција доживеа и книгата “Поетски дијалози” со стихови од 15 прилепски автори препеани на хрватски јазик.

Loading