ДОБРО ДРЖЕЊЕ

НАШИ СТРАНЦИ

Следиме настапи на ракометари и фудбалери, единствени од градов кои печалат во странство, каде немаат “стрико, ниту вујко владика”. Во Романија подготвителни мечеви за ракометната Супер лига и европската сцена игра Горан Кузманоски со Одорхеа. Како “ѕвезда” од насловната клубска страница, разбирливо е во првата постава, заедно со земјакот Лазе Мајнов. Во германската Бундес лига, во Вулкан Кобленц игра бекот – крило Матилда Атанасоска. Клубот носи засилувања, но сериозно смета на прилепчанката.

Во Чешка одлични партии на фудбалерот Зоран Даноски – Шукер за прволигашот Прибрам. Даде два гола и асистираше за трет. Клубот е во средината од табелата. Во Словачка незаменлив на голот од Кошице е Дарко Тофилоски. Заслужен е за седумте бода и средината на табелата, а со одбраните доби повик во репрезентацијата на Македонија.

Loading