ДА ВЛОЖУВАМЕ ВО ТАТКОВИНАТА

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ, НАШИНЕЦ ОД САД

“Горд сум, среќен и задоволен што дел од моето дело кое го создавав минатите години е преточено во монографија. Таа е зрнце од  мојот опус. Се надевам дека ќе следат и други книги, во кои ќе биде пренесено она што го дадов за Македонија”.

Ова го изјави Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на промоцијата на монографијата за 60 години негов живот, напишана од Славе Николовски Катин.

Атанасоски продолжува по патот за вложување во Македонија, речиси во сите области.

– Патриотизмот доаѓа до израз кога си надвор од татковината. Потребна е дарежливост, а не себичност. Да ја изградиме Македонија, да даваме колку што можеме. Ги повикувам сите Македонци каде и да сé, да вложуваат во земјата. Така ќе придонесеме за подобар живот на економски, културен, спортски план – додава Џорџ, потенцирајќи дека планира дел од неговата компанија од САД, да ја префрли во Македонија. 

Loading