ЗАМОЛЧЕНИ ШТИПЈАНИ

БОРЕЊЕ

Младите борачи на БК 7 Мај Леов најактивни се кога другите одмараат, летово. Иако имаа меѓународни настапи, најинтересен беше домашниот турнир, во Оризари, Кочанско. Таму со 3-0 го поразија штипски Балканец, со “златата” на Леонардо Насески, Бобан Бубрегоски и Теодор Темелкоски. На штипјани да се држат лекции во борење, како на прилепчани да се продава фудбал. Првата Македонка борач, Маја Дејкоска, дебитираше на Европското младинско првенство во Скопје со 14. место, а го освои третото на турнирот во Обреновац, Србија, каде Катерина Мирческа беше прва, а Темелкоски трет. Сите за награда минаа подготовки со врсниците од Србија и Унгарија.

Пак нема пауза, претстојат светските, младинското во Бугарија, кадетското во Србија.

Loading