ВАГОНЧИЊА НА ПЛЕТВАР

Жичарница со вагончиња за транспорт на материјали кренале Германците во текот на Првата светска војна. Не било лесно со старомодна техника, со коњи и волови да се совладува дивата природа. Скротувањето на пустелијата погодна само за козите било макотрпна работа. Многу луѓе и народ со пот ги освојувале височината и надолнината и зиме и лето да се кренат столбовите за да се постави сајлата, која ќе се движи од генератор на пареа и ќе носи товар на вагончиња.

Краток бил векот на неколку десетина километарската жичарница, зашто чести биле дефектите. Германците почнале да ја градат тесната железничка линија низ превојот Плетвар по патеката што ја исцртало движењето на магаре. Инженерите од тоа време не можеле да најдат формула како да се качи угорнината со силата на парните локомотиви, затоа пуштиле магаре нагоре да им каже каде да се поставуваат шините, кои денес се ограда на дел од ОУ “Рампо Левката”. 

Loading