ГИМНАСТИКА
Собранието на ФГСМ за селектор го назначи тренерот на петкратниот македонски шампион во спортска гимнастика КГС Партизан Прилеп, Златко Ангелески. Ја наследува битолчанката Весна Поповска, замината во странство.
– Не сакав фунција, доволна ми е работата со децата. Не одбив бидејќи назначувањето е по автоматизам, селектор е тренерот на најуспешниот клуб. Прифатив по ветената институционална поддршка, најмногу од МОК, за квалитетни подготовки и натпревари – вели Ангелески.
Предизвици се меѓународните настапи. Претстојат турнири во Србија, Бугарија, Турција… Печат годинава беа Медитеранските игри во Турција, каде Дино Бошњак и покрај повредата, со вежби на три од шесте справи, освои 37. место меѓу 53. Што натаму ќе претставува успех?
– Во друштво на професионалци од разни континенти учеството е значајно на Бошњак или наследниците Христоски, Илиоски, Јанкоска, Спиркоска… Најсилен турнир е Босфорот на 29 август – најави Ангелески.
Х. Зографоска, Е. Илијоска, С. Спиркоска, А. Ангеловска, И. Јанкоска, Т. Манеска, Д. Илиоски, Д. Атанасоски, Џ. Христоски и олимпискиот кандидат Д. Бошњак се победници на домашната сцена под водство на Ангелески.