“ОД КОЛ НА КОЛ 1” ВО ГУМЕЊЕ

Театарот “Војдан Чернодрински” ја затвора манифестација “Десет дена Крушевска република” со претставата “Од кол на кол 1” во режија на Коле Ангеловски. Утревечер на Гумење, крушевчани ќе ја проследат хит претставата, која е на репертоарот пет години и е одиграна 90 пати. Посетителите ќе се смеат и уживаат во досетките на интересната приказна раскажувана од акерите Трајче Иваноски, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Андон Јованоски, Најдо Тодески, Марјан Чакмакоски и Димитар Вандески.

“Од кол на кол 1”, досега е прикажана во повеќе градови и на фестивали.

Loading