ЛЕЗЕТ ВО ФОНТАНА

Не се трпат горештините. Децата, кои често се по улиците, се разладуваат, во фонтаните кога живата во термометарот под сенка ќе се доближи до 40-тиот степен. Дури прават импресивни скокови и акробации низ водата по гаќи, можеби и без нив, кога нема море, езеро или некој поголем водотек. Се бара освежување, сметнување на потта,  макар тоа било и во коритата од фонтаните.

И џампинг фонтаната е своевидно место за капење во облека. Најмалите со трчање при понизок изблик на водата се разладуваат, смеат и се радуваат на водениот прав. И тоа е спас од пеколното сонце, поарен од сенка. И ноќе, и дење капењето под млазевите на фонтаните, дури и кај повозрасните предизвикува и забава и лад. Два лезети во едно.  

Loading