СТАРТ НА 25 АВГУСТ

ТРЕТА И ОПШТИНСКИ

Одреден е 25 август за старт на Третата лига – Југ, а ждрепката и распоредот се на 19 август. До 14 август е крајниот рок за плаќање котизација, обезбедување инфраструктура… Лигата брои 16 екипи, со новите, отпаднатиот од Втора, Тиквеш (Кавадарци) и влезените од општинска, Варош (Прилеп) и Младост Удово (Валандово). Останатите се лански: Г. Коњари, Партизан, Тополчани, Млекар, Кадино, Младост Кривогаштани (Прилеп) Бабуна, Илинден, Превалец (Велес), Росоман, Сирково (Кавадарци), Кожуф (Гевгелија) и Вардар (Неготино).

Општинските А и Б лиги почнуваат во септември.

Loading