ИЗЈАВА 1992

ИСТОРИЈА

Како деновиве во пресрет на првенствениот фудбалски старт, така летото 1992, се разбира, со далеку поголема еуфорија, се очекуваше првото коло од првата прволигашка сезона и дербито Победа – Вардар. Секојдневно се даваа изјави, а една од најприсебните, реална, беше од домашниот играч, Тони Наумоски.

– Нема посилен ривал од професионалниот тим на Вардар. Многубројните навивачи посакувам да нé поддржат и во најтешкото. Да нé бодрат и доколку први примиме гол, зашто губиме од фаворит. Не е срамота каков бил резултат, но со жртвување нема да ја разочараме десетилјадната публика – порача Наумоски.

На без прекин 90 минутно навивање, играчите на Победа се оддолжија со подвиг 1-1, токму со гол на Наумоски. 

Loading