ПОБЕДЕНА ВАЛЕНСИЈА

КАРАТЕ

Без застој, дури во лето, продолжуваат успесите на каратистките од КК Ронин на тренерот Елизабета и селекторот, Златко Димоски. Медали се освоени и на Европското студентско првенство во Будимпешта, Унгарија. Претставувајќи го универзитетот “Свети Климент Охридски”, ката тимот Зорица Спиркоска – Верица Трајковска – Полексенија Јованоска, ги совладаа сите и освоија “злато”. Потклекнаа три екипи, во финалето универзитет од шпанската Валенсија. Поединечно, Јованоска зеде “сребро” со четири победи и финален пораз од Французинка.

Резултатите се за почит во полезната, источна вештина, која како спорт сепак има маана. Ако воопшто е можна реформа, да се намалат медалите, кои се доделуваат наместо за четири дена над 60, можеби само по три пединечно и екипно, со цел подобро да се запаметат најдобрите каратисти и држави.

Loading