КАФЕ И КИКИРИКТИ

Покрај разно разните тезгиња со мајмунчиња – маскоти и трептачки вампири и којзнае што уште не, на Пивофестот, фирмата за печење на кафе Ројтем, позната по кафето “Елит” и другите производи се претставија со наградна игра. Посетителите љубопитно ја пробаа среќата со пивото в раце, зашто имаа претчувство дека е дојден денот да добијат некоја од многуте вредни награди, поставени на штандот, меѓу кои и главната – веспа.

И фирмата за трговија со апетисани Иназ – М, на тезгата понуди мезе за пивото. Кој не сакаше ќебапчиња или други специјалитети на жар, можеше да густира топли семки, сончоглед, кикиритки, лешници, бадеми, ф’стци и други солени прилози.          

Loading