ЧАТЛЕСКИ ВО БУГАРИЈА – КРСТЕВСКИ ВО ПОЛСКА

Сликарите Тони Чатлески и Златко Крстевски го претставуваа градот и земјава на меѓународни ликовни колонии во Бугарија и во Полска. Чатлески, во друштво со уметници од Србија, Русија, Бугарија, сликаше на меѓународна колонија во Мглиш, Стара Загора, Бугарија. Тој беше прв македонски уметник кој сликаше на темата 130 години Руско – турска војна.

– Создадов четири слики, а на колонијата остварив контакти со колегите – вели Чатлески.

Златко Крстевски твори на меѓународната колонија “Експресија творечка – Гарбатка – Летниско” во Полска, а делата ќе се претстават на изложби во неколку полски градови. 

Loading