ТОШЕ ЗАСЛУЖУВА МНОГУ ДЕЛА

МАРЈАН СТОЈАНОСКИ, АВТОР НА СКУЛПТУРАТА “МИР” ПОСВЕТЕНА НА ПРОЕСКИ

Скулпторот Марјан Стојаноски е автор на модерната творба “Мир”, со која се заокружува целината на веќе поставениот мозаик посветен на Тоше. Се работи за дело во метал кој, како што потенцира авторот, го отсликува животот на прерано загинатиот пејач.

– Скулптурата е полна со емотивни асоцијации. Неколкуте дела поврзани ја сочинуваат целината. Петтолинието со ноти е симбол на музиката што ја пееше, од страните се краци, а целокупно изгледа како гитара, инструментот на кој свиреше Тоше. Го пренесов неговиот живот – вели Стојаноски.

Му било предизвик, бидејќи делата на Тоше се важни за државата.

– Радосен сум што е избрано моето идејно решение. Тоше заслужува да се овековечува не само во Прилеп, туку и во целата земја – додава скулпторот.

Творечка преокупација на авторот, освен металот, е креацијата на серија дела во дрво, вертикали со многу симболика.

Loading