СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО – ДПМНЕ ГИ ДОНИРАА ПАУШАЛИТЕ ЗА ТРЕСКАВЕЦ

За обновата на конаците на манастирот Трескавец кои изгореа пред пет месеци, го донираа својот прв паушал советниците од ВМРО- ДПМНЕ.  На сметката на манастирот “легнаа” 209.000 денари.

– Побрзо да се обноват изгорените конаци. Ги поттикнуваме сите добронамерни прилепчани и жители на Македонија да даруваат да се издигне од пепелта големото манастирско здание – изјави Никола Димески, претседател на советот на општина Прилеп.

Нашинците од Австралија донирале 40 000 долари за обнова на манастирот, до кој, наскоро, ќе води асфалтен пат, а кој треба да биде готов до 28 август, празникот Успение на Пресвета Богородица. 

Loading