ОСТАНУВААТ НАУМОСКА И МРКИЌ

РАКОМЕТ

Женскиот ракометен суперлигаш, Жито Прилеп, ги задржува најистакнатите. Репрезентативките, голманот Дијана Наумоска и бекот Савица Мркиќ, ги обновуваат договорите. Средина не менуваат и останатите, со исклучок на Црногорката Тамара Стојановиќ, која продолжи во Франција и Александра Здравевска, вратена во Битола.

Според тренерот Борче Марковски, првиот летен собир наместо кон крајот на јули, се пролонгира за почетокот на август, поради доцниот старт на првенството. На располагање се 50 дена подготовки низ тренинзи и пријателски средби. Се посакуваат повеќе тестови од лани, но останува проблемот на ривалите, кои се со слаб квалитет. Можно е одмерување на силите со екипи од соседните земји или учество на турнир.

Професионалниот погон на ЖРК Жито Прилеп се готви за три фронта: Супер лигата, домашниот Куп и европскиот ЕХФ, каде е привилегиран и ќе почне дури од третото коло. 

Loading