ОДЛИЧЕН СТАРТ

ПАРАГЛАЈДЕРСТВО

Мартин Јованоски од ПК Делта одлично стартуваше на Светското параглајдерско првенство во Сопот, Бугарија во дисциплината прелети. По првиот турнус со 817 поени е на високото 10. место, во страшна конкуренција на 145 пилоти од 37 држави. Водечки со 1. 000 поени е Марко Литаме од Италија.

– Подвиг со многу стара опрема. Очекуваме успех и на крајот – вели Миле Јованоски, селекторот.

Мартин Јованоски, единствен македонски носител на бронза од светско во дисциплината прецизно слетување, во Сопот се бори за достојно претставување на државава и екипно, со скопјаните Горан Димишковски (Екстрема) и Игор Тодевски (Хели). Засега Македонија е петта со 593 бода, меѓу 38 тима, каде со 1849 води Италија. Шампионатот бодува два најдобри резултата и трае до 26 јули.

Loading