МАКЕДОНСКИ ЕВЕРГРИНИ НА КУЛТУРНОТО ЛЕТО

ЦК ” МАРКО ЦЕПЕНКОВ “

ЦК “Марко Цепенков” од среда, 24. јули, го продолжува вториот дел од културното лето, кое ќе трае до 6. септември. Ќе има богата понуда на концерти, театарски претстави, изложби, филмски вечери, кои дел ќе се одржат на отворен простор, дел во изложбениот салон на Центарот.

Сефте за продолжението е концертот на македонски поп евергрини.

– Во изложбениот салон, Христо Христоски на гитара, Трајче Органџиев на пијано и Оливер Дуев на перкусии ќе нé почестат со одбрани македонски поп евергрини. Идната недела, четврток и петок ќе е циклусот филмски проекции на македонски краткометражни филмови. Во август претстојат неколку концерти,  две изложби, забави на камената бина со DJ од градот. Ќе следи КУД “Моминок”,а и пијанистот Филип Пеоски ќе учествува на кутурното лето. Летната шема ќе се разбива и со традиционалната манифестација Изворен фолклор на балканските народи, на која сопствениот фолклор го претставуваат учесници од Македонија, Бугарија и Србија. За сите генерации ќе има настани – додаваат од Центарот.

Како што изјави директорот Тони Чатлески, круна ќе биде изложбата на сликите, создадени на годинешното шесто издание на колонијата Дрен. 

Loading