МАЈМУНИ СО КРИГЛИ

Богатата дарба за мајтап и инвенција, организаторите на Пивофестот ја обелоденија во украсувањето на градот со кукли – мајмуни. Оваа маскота е симбол на итроста и сплеткарството, карактеристично за прилепчани. Мајмуни во кадифена руба го красат Булеварот. Интересно и вешто наместени на семафорите на невидливи жици, стотина мајмунчиња мамат насмевки. Уште поинтересни се кога ќе задува ветре, па изгледаат како замавтани пијаници со сомотска кригла што ја држат во раката, а со другата се држат за жицата. Некои “седат” или “полегнати се” на семафорите и претаат со нозете. Украс кој не поминува незабележан.  

Loading