ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ СО УМЕТНИЦИ ОД ТУРЦИЈА

Ликовен хепенинг од 11 до 17 часот ќе се одржи денеска пред ЦК ,,Марко Цепенков,, на кој ќе сликаат 20 уметници од Турција. Тие не само што ќе дојдат да ја посетат најмасовната манифестација на Балканот ,,Пиво фест,, туку творејќи ќе го овековечат градот. Делата што ќе бидат создадени на денешната уметничка дружба ќе бидат претставени вечерва на изложба во ликовниот салон од 20 часот. Манифестацијата е дел од проектот ,,Балкански културни средби,, поддржан од Министерството за култура, кој ЦК ,,Марко Цепенков,, за првпат го реализира во соработка со сродната институција од Неготино.

Loading