ПОЛЕЗНИ ПОРАЗИ

ЏУДО

Во спортот еднакво се учи од победи и порази. Во Турција, на Балканијадата во џудо за пионерки до 63 килограми, членката на ЏК Сеишин, Александра Најдоска, стигна до третото коло. Прво беше слободна, потоа загуби од Босанка, во репесаж и од Романка. На конечниот пласман е седма, а со прикажаното е задоволен селекторот Горан Мицкоски.

Македонија со две “злата” и “бронза” е шеста меѓу осум земји.

Loading