НАВИВАЧИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВО ЖИВОТ ЈА ДРЖАТ ПОБЕДА

ФУДБАЛ: ИНИЦИЈАТИВА ЗА СПАС

– ПРВА ПОМОШ Е КОТИЗАЦИЈАТА ОД 8. 000 ЕВРА, НА КОЈА ЧЕКА ФФМ

Малку нешта кои не се од економски, егзистенцијален аспект, толку ги засегаат прилепчаните, како што е грижата за Победа. Штом се слушна за опасноста од згаснување, шестмина навивачИ – Дејви Спиркоски и Блаже Димоски со спортскиот работник Горан Апостоловски, бизнисменот Јовица Релушкоски, новинарите Миле Талески и Петар Димоски, се одзваа повеќе стотини симпатизери дури и со шампионските дресови во Домот на културата за спас на саканиот клуб.

Додека се менуваа стари фотографии за Победа, се  информира за алармантната состојба на клубот, кој не успеал да  плати котизацијата од  8000 евра со што стасана е заканата за понизок ранг. Градов може да го снајде судбината на Велес и Кавадарци. Дебатираа и предлагаа излез поранешните и сегашни играчи и тренери, Круме Митрикески, Кире Мирчески, Николче Здравески, Цане Конески, првиот градоначалник Илија Димоски.

Во меѓувреме, градоначалникот Марјан Ристески ветил поддршка за котизацијата и состанок со 15 добростоечки компании, потенцијални спонзори, а ФФМ ќе почека ден – два да се изврши примопредавање од старата кон новата Управа.

БОЛНИ ЗА ФУДБАЛ

Новинарот Миле Талески очекувал метеж.

– Само најболните за Победа сме тука – констатира Талески.

Реплика: Да имало долга кампања ќе беа илјадници.

КОРЗО ШКУПИ

Фузирани се второлигашот Корзо и скопскиот третолигаш Шкупи, некогашна Слога. Натпреварите ќе се играат на Чаир. Потегот се совпаѓа со соопштението од управата во минатиот број од Зенит и предупредувањето на секаков епилог, доколку не помогне никој. Според ова, надежта на градов е само во Победа, ако се земе предвид неизвесната судбина на третиот второлигаш 11 Октомври.

Претходно низ кулоарите се заговараше проект “Силен второлигаш за Прва лига”, преку фузија на Корзо со 11 Октомври.

Loading