ЕКСКУРЗИЈА ВО ЗЛАТНОТО ДОБА

Манастирот Св. Преображение во селото Зрзе било местото каде се собрале околу сто пензионери на екскурзија. Половина биле од разгранокот на “Гоце Делчев”, а половина од ЗП Прилеп.

Екскурзијата не би била тоа што е, ако малку не пропешачеле. Пензионерските нозе не се предавале по нагорнината за кон манастирот, туку лека – полека, впивајќи ги природните убавини, низ муабет и дружење, стигнале до духовниот центар на Зрзе. Монасите со топлиот пречек, ја направиле екскурзијата уште попријатна.    

Loading