ЈУНАК НА ВИСОЧИНА

Се дотерува конструкцијата на кружниот тек кај хотелот Липа. На 11-от диск од футуристичкиот споменик од 18 метри, посветен на прилепските бранители, се качил работник без страв од височина. Или искуството го истренирало да не ги брои метрите од кранот, или храброста за јунаците му дава кураж да работи навидум лежерно во “воздух”, десетици метри над земјата. Но, работата  мора да се заврши без оглед на ризикот, зашто и бранителите го ставија на коцка животот.

Споменикот е мал симбол што градот може да го направи да им се оддолжи на јунаците за одбраната на целовитоста на Македонија во 2001-ва.       

Loading