ТАСТА Е ЅВЕЗДА ВО РОМАНИЈА

РАКОМЕТ

Горан Кузманоски – Таста тешко ќе ја напушти Романија и суперлигашот Одорхеу по двете успешни сезони. Голема ѕвезда е во клубот, со кого освои трето место и игра во Европа. Во домашното првенство на навивачите им донесе радост пролетоска на дербито со првакот Констанца на тренерот, екс – македонски селектор Звонко Шундовски и репрезентативецот Бранко Ангеловски. Ремито 30-30 беше со придонес на Таста со пет гола. Кузманоски е меѓу најдобрите голгетери во тимот и во најсилната романска лига.

Братучедот Рубин Кузманоски освои двојна круна, куп и првенство на Косово, со екипата на Кастриоти од Урошевац.

Loading