СВЕТСКО РАНГИРАЊЕ

КАРАТЕ

Во летната пауза малку поглед кон светската карате федерација (ВКФ) и актуелната рејтинг листа, која не е лесно да се прегледа со оглед на 41 категорија. Застапени се најдобрите прилепски каратисти. Маријана Димоска е на 29. место во кати за кадетки. На јуниорското европско има 5. место поединечно, 7. место со тимот. Сестра и Мишела е рангирана на 51, Искра Каракашоска на 91. На врвот се Италијанка, Јапонка и Турчинка. Кај јуниорките во кати Пулексенија Јованоска е 43, Зорица Спиркоска 53, Марија Матракоска 63, која е 39 во борби до 59 кг. Учесниците на МИ во борби, сениорите Мартин Петрески е 122 до 78 кг., Тодор Ристески 45 до 67 кг, а кадетката Теодора Бошкоска на 144 до 54 кг.

Од останатите Македонци, кај јуниорите над 78 килограми во борби, највисоко на 5. место е Берат Јакупи.

Loading