ПАК ТОЈ ПЈУНИК

ОБНОВЕНИ ЛОШИ СПОМЕНИ

Ерменскиот Пјуник вчера дојде во Скопје, да одигра со Тетекс и ги обнови спомените за мечот со Победа летото 2004. Ерменците тогаш се израдуваа на триумфот 1-3, а Победа тагуваше пет – шест години подоцна по казната за “местење” која УЕФА ја одреди долги осум години. Мувата на капата Ерменците ја имаат за возвратниот меч кај нив, 1-1. Победа и за дуелот во Ереван беше обвинета за местење, а никој не кажал како сама екипа може да договори нерешено. Добра можност се овие натпревари Ерменците да се изјаснат зошто молчеа, не се огласија да ја спасат правдата барем за тој натпревар.

Уште полошо што молчат и нашите инволвирани во случајот, сведоци против Победа.

Loading