МЕГЛЕНСКИ ПАК ВО ПОБЕДА

ВТОРА ЛИГА

Тони Мегленски (32) пак е во Победа. Искусниот по враќањето од Пелистер сака да му помогне на матичниот клуб да се врати во Првата лига. Од саботата ги одработува подготовките на стадионот “Гоце Делчев”. На секојдневните тренинзи се зголемуваат првотимците, тренерот Златко Петрески и асистентот Сребре Стефаноски сметаат на 20 играчи. Очекуваат и засилувања, што значи клубот се готви за највисок ранг, според желбата на симпатизерите. Се зборува за средување на финансиите во клубот.

Друга е приказната за Корзо, по спасот од отпаѓање во дебитантската сезона на Втората лига. Потешките проблеми дури сега притискаат. Управата истакнува дека неиздржлива е секојдневната потрага по терен, соблекувални за натпревари и тренинзи во соседните села, а шест години по возобновувањето отсуствувала парична поддршка. Се прашува зошто нема никаква финансиска помош? Надежта е барем тренинзите да се прават на новиот стадион кај Могилата, бесплатно, со оглед на тенкиот клупски буџет. Ако нема градска помош, управата се оградува од евентуален “црн” епилог.

Слично е и кај второлигашот, 11 Октомври.

Loading