АВАНТУРА НА УЛИЦА

Баскерџиска авантура под отворено небо релаксираше и предизвикуваше луда забава со креативноста, акробатската кореографија и несекојдневните пиротехнички елементи во музичкото шоу и слободата на изразот на неколкумина танчари, жонглери, пантомимичари, музичари. Насмевката на лицата или паричката повеќе пуштена во шеширот, беа доказ дека уличните забавувачи предизвикаа внимание кај минувачите во центарот. На три места, учесниците забавуваа, како дел од меѓународниот и мултикултурен уличен фестивал, кој годинава, покрај во Прилеп, се одржа уште во 12 градови низ Македонија со учество на над 100 артисти од 20 земји од светот. 

Loading