ШАНСА Е ТУРЦИЈА

ПО КРАХОТ НА ГРЦИЈА

За нашите најистакнати спортисти кои претендираат на кариера во странство, по банкротот на Грција, Турција е најпосакуваната дестинација. Оваа земја очигледно станува гигант не само на Балканот. Клубовите се со огромни буџети и инвестираат во странски тренери и играчи.

Се шпеклулира на пробив на турската сцена на голманот Дарко Тофилоски. Нема да биде чудно ако се пресели таму, со оглед на одличните настапи во Кошице (Словачка) и во дебитантскиот меч за репрезентацијата на Македонија против Норвешка. Голманот висок 195 сантиметри има искуство од Швајцарија, а отскочна штица му е Победа.

Кулоарите го селат и Новче Ацески во Турција. Настапуваше во Напредок Кичево, 11 Октомври и Победа. Голем чекор напред за помладиот Валентин Колевски, кој се покажа по левата страна во второлигашот 11 Октомври и се готви за повисок предизвик. Добро е што некои спортисти немаат комплекс од слабата македонска лига и се обидуваат да се покажат во професионални средини.

Последен кој направи трансфер е Јорданчо Наумоски од 11 Октомври во дански Брондби.

Loading