ПРИЛЕПСКА “ПРОЛЕТ”

Додека во сегашно време на ТВ гледаме како паѓаат режими во Африка и на Блискиот исток од народните маси, појава позната како “Арапска пролет”, прилепчани биле 60 години пред нив.

Уште во кралска Југославија, во неразвиениот демократски политички систем, прилепчани знаеле да го покажат мајтапот и сеирџилакот, но и да го затресат режимот. На власт била владејачката фамилија Караѓорѓевиќ, а во т.н. уставна монархија, немало место за Македонци – избраници за во Скупштината. Лулавата држава, поминувала од една во друга криза, де политичка, де економска, а главниот збор секогаш го имале српските пратеници (посланици). Не биле ретки атентатите и убиствата меѓу хрватските и српските пратеници, на сред бел ден пред Скупштината во Белград.

Прилепскиот народ од тогашната Вардарска бановина, во 1938-ма година решил да ги земе работите во свои раце. Така, со транспаренти “Гласајте за мене да си направам уште една куќа” и слични, низ сатира го покажувале трулиот изборен систем и лакомоста на пратениците. Ваквите собири, колку и да биле спонтани, покажуваат нишка на сплотеност во идеалите и непокорност кон секоја ненародна власт, вредност што го краси Прилеп отсекогаш.  

Loading