ПРЕМНОГУ ПОРАЗИ

МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ

Скромни настапи на прилепските спортисти на Медитеранските игри во Мерсин, Турција. Женската ракометна репрезентација со четири од Жито Прилеп трипати е поразена, од Хрватска (26-29), Словенија (21-32) и Тунис (22-31). Голманката Дијана Наумоска имаше 10, осум и три одбрани, Савица Мркиќ на првиот меч три, на вториот еден гол, Тања Шалевска двапати даде по еден, еднаш три гола, а играше и Марија Серафимовска. По дуелот со Шпанија, преостанува за 9. место со Алжир.

Џудистката Катерина Николоска (Миоки, Скопје) загуби на стартот од Хрватка, а гимнастичарот Дино Бошњак (КГС Партизан) е 37. место меѓу 53 учесници. Фудбалската репрезентација со Јорданчо Наумоски (Брондби, Данска) загуби од Италија (5-1) и од Тунис (0-2), ремизираше со Либија (2-2), а ја совлада Албанија (2-1 продолжение). Наумоски играше полувреме со Либија, 10 минути со Италија и по 90 минути на останатите. Следи за 5. место со Босна.

Надеж денеска и утре се каратистите Теодора Бошкоска, Мартин Петрески и Тодор Ристески (Спорт 94).

Loading