НОВА КНИГА НА ДИМЕСКА

“Окото на нејзината среќа”, е новата книгата со 15 раскази од Тања Димеска. Авторот е носител на наградата “Книжевен постамент”.

– Збирката е посветена на искрените очи што се запознале со едни стаклени и за еден глас кој мене ме следи со добра намера – вели младата писателка, која е творец на стихозбирката “Нов ден – вообичаена вечер” и есеистичкиот колаж “Смирено”.

Според Весна Димовска, книгата е полна со ситуации во кои до израз доаѓаат чувствата на нејзините јунаци, а за Илија Мерковски расказите се почеток на патување, трагање по добрината што извира од очите, за форматирање на љубовта.

Loading