НИ ТРАГА ОД НЕВРЕМЕТО

Комуналците за неколку дена го суредија градот од реките води со ѓубре што ги донесе невремето. Над сто работници ги “светнаа” улиците и го вратија  епитетот на градот за најчисто уредена средина. Десетици цистерни се истурија по сообраќајниците и тротоарите да се истуркаат последиците оставени од  поројниот дожд и “немоќната” канализација. Работници со шмркови и лопати, со колички и метли ја кренаа калта, а после и ја измија прашината од градот за животниот простор да л’сне и да не се препознава дека само пред неколку дена улиците беа река од поројот. Дури и ќошињата и сокаците се переа. Се светна и се исчисти наталожениот смет од поплавената трева и зеленило по парковите во центарот.

Како и да е невремето на површина исфрли нужни интервенции во канализациската мрежа за да може градот лесно да преброди и посериозни временски неприлки, подолги од 40 минути како што беше последната. 

Loading