БЕЗ МАСОВНОСТ

ШАХ

Во Скопје се одржуваат државни првенства, но загрижува што нема масовност, и освен скопјани, учествуваат само уште прилепчани од школата Алкалоид. До осум години, меѓу осум деца трето место е Матеј Ѕвездакоски, четврто Никола Бонески и петто Гордан Станоески.

Најбројна е групата до 10 години, каде меѓу 16 момчиња 11. место освои Александар Бонески. До 12 години меѓу пет девојчиња дебитираше Ана Ѕвездакоска. Денеска завршува првенството до 14 години, на црно – белите табли соочени 13 деца, а Давид Манески со победа и пораз се бори во средината на табелата.

Нивниот тренер, велемајсторот Звонко Станојоски беше трет на турнирот во Приштина.

Loading