ВАРОШ – ГЕМИЏИИ

БАРАЖ ЗА ТРЕТА ЛИГА

Утре во Марена, кавадаречко е значаен, бараж меч на ФК Варош. Првакот на ОФС Прилеп се среќава со најдобриот од ОФС Велес, екипата на Гемиџии, а победникот оди во Третата лига – Југ. Се очекува неизвесен дуел, во кој варошаните влегуваат со одамна потцртаната цел – пласман на ранг погоре. Варош е во добра форма, ако се суди по прикажаното на куп мечот со второлигашот 11 Октомври, каде загуби на пенали.

Во Третата лига има шест тима од ОФС Прилеп: Г. Коњари, Партизан, Тополчани, Млекар, Кадино и Младост.

Loading