СТОЈАНОВИЌ ВО ФРАНЦИЈА

РАКОМЕТ

Црногорката, десниот бек, Тамара Стојановиќ се раздели со Жито Прилеп и замина во Франција. Заинтересиран е второлигаш. Ова е признание за Жито Прилеп, клуб од каде се трасираат патишта во кариерата. Претходно десното крило Александра Здравевска се врати во Битола. Останатите пак ќе ги бранат клупските бои. Во суперлигашот бргу ќе го пополнат дефицитарното место. Во предвид се најталентираните од домашната сцена. Не се исклучени две-три засилувања за поголема конкуренција. Предизвик ќе е одржувањето на квалитетот и скок од третото кон второ место во борбата со куп освојувачот Металург, бидејќи недостижен е новиот шампион Вардар.

Следниот собир е на 24 јули, под водство на Борче Марковски.

Loading