ШТО СО ПОБЕДА?

ТРИ ГОДИНИ БЕЗ СПОРТСКИОТ БРЕНД

Изминаа три години од згаснувањето на ФК Победа по казните од УЕФА, период во кој постојано се прашува: Што со овој спортски бренд на градот? Набрзина се формира нова, Победа јуниор, од трета стасана до втора лига и тука е застаната две сезони. Ни оддалеку не го оправдува името. Во безизлезот, се направи обид со 11 Октомври во првата лига. Но, не е тоа алтернативата. Прилепчани прашуваат за Победа, приврзани со децении за славниот клуб. И што натаму? Наместо три слаби, потребен е еден силен клуб. Најдобро е тој да се вика Победа. Се чека разврска летово. Се зборува за промени. Дали некој приватен стопанственик “загризува” или по примерот на Скопје со Вардар, Битола со Пелистер, Штип со Брегалница, градот Прилеп ќе ја превземе Победа? Шпекулациите наоѓаат основа во проектот за модерен стадион.

Времето лета и, ако намерите се сериозни, мора што побргу да се мине во акција, да немаме бледа есен како лани.

Loading