ТАРЧУЛОВСКИ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СПОМЕНИКОТ КАРПАЛАК

Заедно со претставници од здруженијата на бранителите од градов, Јохан Тарчуловски положи цвеќе на споменикот Карпалак. Освен средба со членовите на невладините организации кои застанаа на браникот на слободата во конфликтот 2001г., Тарчуловски имаше средба и со градоначалникот Марјан Ристески, кој всушност ја иницираше посетата на Тарчуловски на Прилеп изминатиот викенд.

– Само со заедништво и обединети можеме да ги добиеме сите битки. Така ќе бидеме силни и повеќе ќе нé почитуваат. Македонскиот народ си ја сака сопствената земја – рече Тарчуловски.

Тој од градоначалникот Марјан Ристески доби плакета, обележје коешто го добива секој значаен гостин на Прилеп.

Loading