ШПАНСКИ ЗНАМЕНЦА

ИСТОРИЈА

Есента 1979 се одигра меѓународен првенствен фудбалски меч за млади, Југославија – Шпанија. Убавото време на стадионот “Гоце Делчев” привлече голем број гледачи, кои беа задоволни од играта, особено од резултатот, 1-1, поволен за домашните. По мечот толпа народ се собра пред излезната врата, одблизу да ги види популарните фудбалери. Се ракуваа домашните, подаваа раце гостите. Шпанците за збогум, пред влегување во автобусот, исфрлија неколку мали знаменца. Како за беља, настана турканица, скоро тепачка меѓу луѓето. На секое знаменце навалија по десетмина. Во борбата беа деца, возрасни, пензионери. Автобусот не можеше да тргне. Некој отстрана прекори да престане срамотната сцена, но попусто. На гостите им се нажали, изгледа помислија гревота што го закаравме сиротиов народ, видоа – невидоа исфрлија уште некое сувенирче на тротоар и улицата се расчисти,

Следниот меѓудржавен меч во Прилеп беше по 15 години, младите Македонија – Турција 1-0. 

Loading