“ЗЛАТЕН” ЏИЏАЛЕСКИ

МОДЕЛАРСТВО

На спортскиот аеродром Сушево крај Штип, на 12-от Светски куп во ракетно моделарство блескаше Владимир Џиџалески. Во дисциплината ракета со стример, најдобар е меѓу 20 натпреварувачи, со 437 бода од можни 500. На пиедесталот е пред Бугаринот Пламен Јорданов и Србинот Зоран Катаниќ. Мошне солиден настап и на тренерот – ветеран, Димитар Мендизоски со пласман на седмо место. Купот го следеше и наградите на најуспешните ги додели градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Учествуваа 50 моделари од Русија, Бугарија, Србија, Словенија и Македонија.

Loading