ПЕТ ДРЖАВИ

ЏУДО

Бројка од 286 џудисти од 21 клуб, од пет земји, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Бугарија, го направи успешен 14-от меѓународен турнир “Прилеп ОПЕН”, организиран од ЏК Пролетер. Во “Арена Сонце” се одвиваа неизвесни и квалитетни борби на душеците. Поделени беа стотици медали, а меѓу најдобрите се наредија прилепските учесници од домаќинот ЏК Пролетер и ЏК Сеишин. Во Сеишин изброија 12 медали, а слично помина и ЏК Пролетер.

Турнирот е афирмација за градов, бидејќи сите клубови се вратија дома со одличја и во локалните медиуми објавија за натпреварите и прекрасниот дводневен престој во Прилеп.

Loading